МВР - Приведено лице за инцидентите во Собранието

Архива - Демонстранти влегоа во Собранието на 27.04.2017.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчера единицата „Алфи“привела 65-годишно лице (П.А.) од Скопје во полициска станица Кисела Вода во врска со инцидентите од Собранието на 27 април оваа година.

Од МВР информираат дека за лицето постои основано сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик. Со лицето бил извршен службен разговор. Од полицијата наведуваат дека лицето (П.А.) влегло во салата каде се одржувала прес-конференција и со употреба на физичка сила ги нападнал пратениците (З.З.), (Р.Ш.) и (Р.И.), а туркал и вработени од обезбедувањето. Потоа осомничениот бил предаден на понатамопшмна постапка во Основното јавно обвинителство во Скопје.