Иванов ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум во Истанбул

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во работна посета на Турција. 06.05.2017

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов е во работна посета на Турција, каде ќе учествува на Глобалниот лидерски форум во организација на универзитетот Бахчешекир во Истанбул. Од неговиот кабинет беше соопштено дека Иванов пристигнал вчера во Турција. Тој ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум, кој се одржува на тема „Стратешки алијанси и нов поглед на лидерството во услови на глобален баланс на силите.“