Хелсинишки: 27 кривични дела во Собранието

Претседателката на Хелсиншкиот комитет на Македонија Уранија Пировска

Насилствата во Собранието се тема на посебен извештај на Хелсиншкиот комитет кој содржи 28 кривични дела, од кои за 18 постојат значителен број на докази дека се извршени.

Во извештајот се наведува дека сторителите се поделени во четири групи- организатори, извршители, полициски службеници и претпоставени, а оти доказите, се прибавени од фото, видео материјалите и од сведоштвата за обид за убиство.

Според хелсиншкиот комитет кривичните дела прозилегуваат од 8 поглавја од Кривичниот законик, а се насочени против животот и телото, слободите и правата на граѓаните, имотот, сигурноста, државата, службената должност, правосудството и јавниот ред

Хелсиншки се повикува на видеоматеријалите во кои се гледа како полициските службеници, ги пропуштаат демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ да влегуваат законодавниот дом.

„Влезот им беше дозволен и на лица кои беа маскирани со качулки и кои со себе носеа тврди и остри предмети наменети за загрозување на физичкиот интегритет на присутните во Собранието“, пишува во извештајот.

Од Хелсиншкиот комитет рекоа дека извештајот го доставиле до Основното јавно обвинителство и до МВР.