МВР: Oсoмничени уште четворица за насилствата во Собранието

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу

Полицијата ќе поднесе посебно известување до Основното јавно обвинителство за уште четири лица од Скопје за случувањата во Собранието од 27 април.

МВР информираше дека вчера од СВР Скопје во соработка со ОЈО на службени разговори се повикани повеќе лица за кои постоеле сомневања дека биле инволвирани во настаните во македонскиот Парламент.

За три лица е констатирано постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, а за едно лице е констатирано кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“

Од МВР истакнуваат дека Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните на 27 април во Собранието на Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настанит