Талат Џафери во посета на Брисел

Талат Џафери, претседател на Собранието на РМ

Новиот претседател на Собранието Талат Џафери пристигна во Брисел во еднодневна посета што е негово прво патување надвор од земјата по стапувањето на функцијата. Џафери во Брисел оди по покана на највисоките претставници на Европската унија.

Новоизбраниот претседател Талат Џафери од вчера и официјално стапи на функцијата и го презеде кабинетот од Трајко Вељановски.

Инаку од Службен весник излегоа со соопштение во кое се вели дека барањето за избор на претседател на Собранието е доставено и дека ќе биде објавено во првиот нареден број на Службен весник, во почетокот на наредната недела.