Заев најави скорашни преговори за формирање влада

Од средбата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасов со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји, Скопје, 01.05.2017.

СДСМ соопшти дека Централниот одбор едногласно ги поздравил, како што се наведува, достоинственоста, храброста и мудроста на чекорите и политиките на нивниот претседател Зоран Заев, на раководството на партијата и на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Тоа, според ЦО на СДСМ, резултира со отворена можност за формирање нова влада на Македонија. Заев на седницата истакнал дека по 11 години СДСМ ја доби честа и одговорноста од граѓаните да ја предводи новата демократска, реформска Влада на заедничка, унитарна, европска Република Македонија, којашто ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани. „Наш приоритет остануваат граѓанските и државните интереси, ве повикувам да ја продолжиме сериозната посветеност кон овие клучни цели“, изјавил Заев.