Тилерсон-нема доверба меѓу Русија и САД

САД-американскиот државен секретар Рекс Тилерсон зборува пред вработените во Стејт Департментот, 03.05.2017

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон рече дека "речиси и да нема доверба" во сегашноста меѓу Соединетите Американски Држави и Русија, споменувајќи ги договорите за контрола на оружјето и Украина како области во кои како што рече Москва не е особено од помош денес. Тилерсон ова го кажа денеска во Вашингтон на презентацијата за иднината на Стејт Департментот под претседателство на Доналд Трамп и можноста за неколку кратења во буџетот.

Тој исто така рече и дека САД подготвуваат нови санкции за Северна Кореја како одговор на продолжувањето на Пјонгјанг да развива нуклеарно оружје. Тој рече дека Вашингтон работи со Пекинг за да се изврши притисок врз Северна Кореја, но ако тоа не вроди со плод САД може да воспостават дополнителни санкции и за компании,вклучувајќи и кинески кои имаат соработка со Северна Кореја.Тилерсон побара од меѓународната заедница целосно да ги спроведе постоечките санкции од ОН против Пјонгјанг.