Времето денеска: сончево со краткотрајни врнежи

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 20 до 30 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 29 степени.