Полицијата ги идентификува луѓето што им ги отворија собраниските врати на демонстрантите

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека, по прегледување на видео материјалите од безбедносните камери во Собранието, се идентификувани лицата коишто учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда во четвртокот, по што следуваше упадот на демонстрантите.

СВР Скопје претходно поднесе кривична пријава против вкупно 15 лица осомничени за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. Осуммина од нив биле пронајдени и изведени пред Судија на претходна постапка. На петмина им е одреден притвор од осум дена, за едно лице мерка домашен притвор, а за две лица мерка - претпазливост.

МВР работи на идентификација на други осомничени.