Папата повика на молитва за Македонија

Папата Франциско повика на молитва за Македонија поради сериозната политичка ситуација во земјата и по насилните случувања во македонскиот Паралемент во четвртокот. Папата повикот за молитва го упати на Плоштадот Свети Петар во Ватикан, пред околу 10 илјади луѓе. Тој изјави дека е потребно верниците да се помолат за сите земји кои се справуваат со потешкотии особено за Македонија.

Поглаварот на Римокатоличката црква им зборуваше на верниците и за ситуацијата во Венецуела, барајќи да се стави крај на насилството и тешката хуманитарна, социјална, политичка и економска криза во таа земја. Тој изрази загриженост поради големиот број загинати и повредени луѓе во Венецуела