Џафери: добив поддршка од САД, утре почнувам со работа

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји, на средба со новиот претседател на Собранието Талат Џафери

По средбата со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји, новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери изјави дека неговото присуство денеска во Парламентот уште еднаш ја потврдува поддршката на САД за избор на претседател на Собранието и за поддршката на нашите следни чекори за враќањето на стабилноста и функционалноста на Собранието и другите институции.

Џафери истакна дека го уверил својот соговорник дека во својата работа како претседател на Собранието ќе се потруди да бид претседател на сите пратеници без оглед на тоа како се изјасниле по однос на изборот на претседателот на Собранието.

„Уште од утре па натаму ќе се обидам да ги ставам во функција работите во Собранието без оглед на последиците кои се видливи и денеска.

Се надевам дека пратениците и сите други кои беа повредени на 27 април наскоро ќе оздрават и дека ќе се вратат во Парламентот за да продолжиме со работа“, изјави Џафери по средбата со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји во Собранието на Република Македонија