Адеми: Дијалогот, разумот и компромисот се основите на демократијата

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбр Адеми

Вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми во пишана изјава за медиумите истакнува дека нападот во Собранието е неразумен и недемократски чин и порачува дека дијалогот, разумот и компромисот се основните столбови врз кои почива демократијата. „Нападот на Собранието на Репубика Македонија на 28 април, или нападот на темелот на нашата државност, сметам дека е непримерен, нечовечки и крајно деструктивен и може слободно да се окарактеризира како неразумен и недемократски чин. Чин што остава длабоки траги врз нашата држава и нејзините институции, но и лузни во сеќавањата на сите директни сведоци, како и оние кои ги следеа овие драматичкни настани“, се вели, меѓу другото во изјавата на Адеми, во која тој ја поздравува реакцијата на меѓународните стратешки партнери и пријатели.