Времето денеска: сончево и потопло

Во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален краткотраен дожд и ретки грмежи особено во планинските региони и повеќе на западот. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 26 степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 9 до 25 степени.