Лидерите на ЕУ едногласно ги усвоија насоките за преговори за Брегзит

Лидерерите на ЕУ денеска усвоија насоки за преговорите со Велика Британија за нејзиното излегување од Унијата, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Краткиот самит на лидерите на 27те земји е одржан во Брисел, без британската премиерка Тереза Меј, по еден месец откако таа го покрена процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ. Се очекува преговорите на двете страни, што би требало да траат две години, да почнат по парламентарните избори во Велика Британија на 8 ми јуни.

" Насоките се усвоени едногласно. Доделен е силен и јасен политички мандат за преговори за Брегзит", изјави Туск.

Лидерите на ЕУ ветија дека ќе се држат заедно и дека ќе бидат со преговарачкиот тим и со тоа предупредија дека цврсто ќе се однесуваат кон секое барање на британската премиерка.
Односите на Велика Британија и Ирска по Брегзит се појавија како клучно прашање кое треба да се реши во преговорите, како и прашањето на границата меѓу Ирска и Северна Ирска.