Анти-Путин протести во Русија

Полицијата во Москва го уапски анти Путин демонстрантот Роамн Рословтсев

Во голем број руски градови во тек се протести на кој се упатуваат повици претседателот Владимир Путин да не се кандидира на претседателските избори во земјата следната година. Стотици луѓе презентираат писмени обраќања на градските скали и во зградата на претседателската администрација во Москва во рамки на кампањата позната како "Ние сме болни од Него" и "Доста е!" со која се повикува Путин да се повлече од политиката. Голем број на полицајци се распоредени пред зградата на претседателската администрација во центарот на Москва за настанот, кој е организиран од про-демократското Отворено движење на Русија, кое беше основана од критичарот на Кремљ и поранешниот олигарх Михаил Ходорковски. Руски официјални лица го прогласија протестот за неовластен и рекоа дека полицијата ќе се справи со учесниците во настанот. Во Кемерово, денеска околу 20 луѓе беа уапсени за време на кампањата. Организаторите на протестите, исто така, беа уапсени во градовите Изхевск и Горно Атласк. Отворена Русија е прогласена за "непожелна" од Канцеларијата на јавниот обвинител и полицијата спроведе рација во канцелариите на групата во Москва, конфискувајќи летоци за протестот.