Црногорскиот Парламент го ратификуваше договорот за членство во НАТО

Протестите на поддржувачите на опозицијата против членството на Црна Гора во НАТО.

Парламентот во Црна Гора го ратификуваше пактот за членство во НАТО со што земјата направи историски чекор кон западот и покрај протестите на нивниот сојузник Русија и проруско ориентираната опозиција.

Законодавците кои се сретнаа во историскиот град Цетиње со 46 гласа за, а ниту еден против го ратификуваа договорот за пристапување во воената алијанса. Опозициските законодавци во Парламентот кој брои 81 пратеник го бојкотираа гласањето. Неколку стотици опозициски поддржувачи се собраа пред зградата на Парламентот во знак на протести извикувајќи „Предавници“ и „Крадци“.