Повредени повеќе пратеници

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е повреден откако демонстрантите упаднаа во Собранието на Република Македонија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, пратениците Радмила Шекеринска и неколку други од СДСМ, пратеникот од Алијансата за Албанците Зијадин Села се повредени вечерва во Собранието. До инцидентот дојде за време на пресконференција на Заев и пратеникот од ДУИ Талат Џафери кого претходно парламентарното мнозинство го избра за претседател на Собранието.

По завршувањето на прес конференцијата во салата упадна поголема група луѓе со фантомки кои почнаа да кршат и да тепаат. Новинарите и снимателите беа избркани од просторијата а доколку некој се обидуваше да снима му беа одземани и кршени микрофоните и камерите.