Тензии, скандирање и песни во Собранието

Во 20 минути пред 18 часот, пратениците на СДСМ станаа од собраниските столчиња барајќи да се гласа да се продолжи седницата и по 18 часот и да се гласа за преминување на наредната точка од дневниот ред - избор на претседател на Собранието. Пратениците од СДСМ потоа ја запеаја македонската химна, по што и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ станаа од столчињата и им се придружија во пеењето на химната.

Во стадионската атмосфера што настана, пратениците од СДСМ почнаа да скандираат „Гласање“, по што нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ почнаа да скандираат „Избори“.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ потоа во Собранието ја запеаја „Едно име имаме“, додека нивните колеги од СДСМ почнаа да ја пејат „Шутка не ти бега, Никола“, која стана заштитен знак на протестите од Шарената револуција.