Потона руски шпионски брод во Црното Море

Архивска фотографија: Рускиот воен разузнавачки брод Лиман

Руски воен разузнавачки брод потона по судир со товарен брод во Црното Море во близина на Истанбул, соопштија турските крајбрежни органи. Сите 78 морнари од шпионскиот брод Лиман се спасени по денешниот судир кој се случи на 40 километри северозападно од Босфорскиот Теснец, информираат турските власти. Екипажот на товарниот брод исто така е безбеден. Се наведува дека 15 морнари се спасени од морето, додека другите останале на бродот. Товарниот брод Јузарсиф, кој пловел под знамето на Того, превезувал добиток.

Руското Министерството соопшти дека судирот, до кој дошло поради ниската видливост, направил дупка во нивниот воен брод.