Естонија стравува од приближување илјадници руски војници

Министерот за одбрана на Естонија Маргус Цахна

Министерот за одбрана на Естонија Маргус Цахна изјави дека Русија може да ја искористи големата воена вежба подоцна оваа година за трајно да распореди илјадници војници во Белорусија како закана за НАТО.

Русија и Белорусија за во септември планираат заеднички воени вежби, на кои, како што веруваат некои членки на НАТО, може да учествуваат повеќе од 100 илјади војници и да вклучат обука за нуклеарно оружје. Тоа би биле најскапите воени вежби од 2013 година.

Во интервју за новинската агенција Ројтерс, Цахна вели дека Естонија и други членки на НАТО добиле информација дека Москва може да ги остави нејзините војници во Белорусија и по завршувањето на воената вежба Запад 2017.

Засега нема коментар од руското Министерство за одбрана.