Утре 20-то продолжение на конститутивната седница

Собранието попладнево го заврши 19. продолжение на конститутивната седница на која се расправа за изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Во попладневниот дел од седницата, кој помина со реплики и контрареплики, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека граѓаните со право се загрижени бидејќи се постизборно измамени со таканаречената тиранската платформа со која, како што посочија, се предвидува промена на името, знамето и химната и федерализација на државата. Го повторија ставот дека единствен излез од политичката криза е одржување на нови парламентарни избори.

Тие повторно побараа од лидерот на СДСМ да објасни што договорил постизборено со албанските партии.

Новото продолжение на конститутивната седница е закажано за утре во 11 часот.