Марин Ле Пен привремено не е лидер на Националниот фронт

Кандидатката на екстремната десница на претседателските избори во Франција Марин Ле Пен

Кандидатката на екстремната десница на претседателските избори во Франција Марин Ле Пен објави дека привремено го напушта местото претседателка на партијата Национален фронт. Посматрачите оценуваат дека таа со тоа сака да стане прифатлива за поширок круг избирачи пред вториот круг на изборите на 7 мај во кој противник и е кандидатот на таканаречениот центар Емануел Макрон. Тој во првиот круг во неделата освои најмногу гласови.