Директори на Маѓар Телеком казнети за мито на политичари од Македонија

Поранешните директор на Маѓар Телком, Елег Штрауб и Андрас Балог се спогодиле да платат парични казни и добиле и петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави денеска Американската комисија за хартии од вредност, пишува веб порталот Новатв. Штрауб ќе плати 250,000 илјади долари, а Баллог 150,000 долари.

Директорите од „Маџар Телеком“ беа обвинети за предводење на тајните договори со премиер и други лица од Македонија со цел да ја спречат конкуренцијата на пазарот, изјави Стефани Авакиан, извршен директор на Одделот за истраги во Комисијата за хартии од вредност.

Претходно, во првиот процес којшто се водеше во Окружниот суд во Њујорк во декември 2011 компанијата „Маѓар Телеком“ плати 95 милиони долари казни. Меѓу сведоците во случајот беше и македонскиот екс-разузнавач Слободан Богоевски.

Директорите на компанијата плаќале мито на тогашната власт, меѓу нив беа имињата на екс-премиерот Владо Бучковски, но и на припадници на ВМРО-ДПМНЕ.