Хан: ЕУ и Турција да размислуваат за "нова форма на соработка"

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, изјави дека Европската унија и Турција треба да почнат разговори "за можна нова форма на соработка." Хан денеска во изјавите за новинарите во Брисел изјави дека победата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган претходно овој месец на референдумot за подобрување на неговите овластувања го прави скептичен дека Турција " ќе биде подготвена да сподели било каков вид на моќ со никого." Хан рече дека се надева дека земјите-членки на ЕУ и Турција" - се подготвени за " дискусија за можната нова форма на соработка ". Хан не се осврна на тоа што подразбира под "нов формат", но додаде: "Ние, најверојатно треба да бидеме креативни за тоа." Хан истакна дека надградбата на Царинската унија меѓу Турција и ЕУ, кој стапи на сила во 1995 година би можеле да е една област во која "е можна поинтензивна и порационална соработка со Турција." По референдумот во Турција, некои политички групи во Европскиот парламент ја повика ЕУ да ги суспендира или целосно да ги откаже разговорите за пристапување со Турција