Могерини: санкциите на ЕУ ќе остануват во сила

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини, изјави дека Европската унија сака да има подобри односи со Русија, но оти не може да се преправа дека Москва не го анектирала Крим, и дека санкциите ќе останат во сила. Могерини, за време на нејзината официјална посета на Москва , денеска говореше на заедничката прес-конференција по разговорите со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Таа, исто така ја критикуваше Москва поради докази за насилство и злоупотреба на геј мажи во регионот Чеченија , велејќи дека одговорност на руската влада е да ги заштити правата на сите свои граѓани. Могерини изјави дека нема смисла да се преправа дека вистинските проблеми во односите меѓу Русија и ЕУ не постојат. ЕУ, САД и други земји воведоа санкции за Русија, откако Москва ја презеде контролата врз полуостровот Крим од Украина во 2014 година. Могерини и Лавров, исто така, имаат различни гледишта во врска со нападот со смртоносниот гас сарин на 4 април за кој западните земји велат дека е извршен од сириската влада.