Конечни резултати: Макрон и Ле Пен во вториот круг

Емануел Макрон и Мерин Ле Пен

Конечните резултати од вчерашните претседателски избори во Франција покажуваат дека центристот Емануел Макрон и крајната десничарка Мерин Ле Пен ќе се тркаат во вториот круг што ќе се одржи на 7 мај. Француското министерство за внатрешни работи соопшти дека Макрон добил 23,7 насто додека Ле Пен 21,5 насто од гласовите. Конзервативниот екс премиер Франсоа Филон доби 19,9, додека крајниот ливичар Жан Лук Меланшон 19,6 проценти. Според некои анкети, доколку вториот круг се одржи сега Макрон би добил 62, а Ле Пен 38 насто од гласовите. По првичните резултати еврото порасна за 2 насто со оглед на тоа што Макрон изрази силна поддршка за Европската унија и за заедничката валута. Ле Пен ги поздрави резултатите од изборите како „историски“ и вети „ослободување на французите од арогантните елити“.