Лепен и Макрон во втор круг за претседател на Франција

Кандидатите за претседател на Франција

Францускиотцентристички кандидат за претседателЕмануел Макрон и лидерката на крајната десница Марин Лепен,влегоа во вториот круг од претседателските избори, покажуваат првичните прелиминарни проекции според изборниот резултат. Според неофицијалните проекции Макрон освоил меѓу 23 и 24 проценти во првиот круг, додека неговата соперничка Лепен освоила меѓу 21, 6 и 23 отсто од гласовите.

Францускиот пратеник Марион Маречал предмалку изјави дека квалификувањето за втор круг на Лепен е „историска победа за патриотите“ јавува новинската агенција Ројтерс.

Вториот круг од изборите ќе се оддржи на 7 мај.

Во тесната изборна трка беа 4 од 11- те претседателски кандидати. Меѓу нив беа конзервативниот кандидат Франсоа Фијон и крајно левичарскиот кандидат Жан-Лук Меланшон.