Северна Кореја се закани дека ќе потоне американски носач на авиони

Северна Кореја се закани дека ќе го потоне американски носач на авиони кој се наоѓа во западниот дел на Тихиот Океан поради воени вежби. Заканата доаѓа во коментар на гласноговорникот на владејачката Работничка Партија Родонг Синмум.

„Нашите револуционерни сили се борбено подготвени да го потонат американскиот носач на авиони на нуклеарен погон со само еден удар,“ е наведено во денешниот коментар во весникот.

Во продолжение е наведено дека таквиот удар ќе биде вистински пример за воената сила на Северна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди американскиот носач да исплови во близина на Корејскиот полуостров во знак на одговор на зголемените тензии со Северна Кореја поради контроверзната нуклеарна програма и нуклеарните тестови.

Два јапонски носачи на авиони денеска се приклучија кон воената вежба во Тихиот Океан во знак на солидарност. Денеска беше приведен американски државјанин на аеродром во Пјонгјанг. Во меѓувреме, во период на зголемени тензии, беа приведени други двајца американски држјани.