На плоштад се собираат потписи за поддршка на децата со посебни потреби

Денеска продолжува акцијата за собирање потписи за поддршка на барањата на невладините и родителите на децата со попреченост за законски измени со кои ќе им се олесни животот. На плоштадот во центарот на Скопје, на штанд се поставени книги каде што граѓаните до 16 часот ќе може да се потпишат.

Потребни се 10 илјади потписи за измени на законите да влезат во собраниска процедура. Инцијативата се однесува и на измени на подзаконски акти за соодветни права за оваа категорија луѓе.Инаку родителите на децата со посебни потреби во поминаа две вечери кампувајќи пред Собранието со цел да го привлечат вниманието на политичарите кои ги заборавија нивните проблеми како и покренување на свесност во јавноста за нивните секојдневни проблеми.