Приведен американски државјанин во Северна Кореја

Балистички ракети беа дел од воената парада за одбележување на 105 годишнината од раѓањето на севернокорејскиот лидер Ким Ил Сунг

Властите во Северна Кореја неодамна приведоа американски државјанин на аеродромот во Пјонгјанг, токму кога тој се обидуваше да ја напушти земјата. Новинската агенција од Јужна Кореја Јонап повикувајќи се на анонимни извори јавува дека 50 годишен маж со презиме Ким е поранешен професор на Универзитетот за наука и технологија во Кина. Шведската амбасада во Пјонгјанг потврди дека американско-корејскиот државјанин е приведен, но не може да коментира.

САД и Северна Кореја немаат дипломатски односи, но Шведската амбасада се грижи за конзуларните работи. Приведувањето доаѓа во период кога се зголемени тензиите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг поради нуклерната програма.