Собранието в понеделник ќе ја продолжи конститутивната седница

Архивска фотографија: Конститутивната собраниска седница

Собраниската конститутивна седница на чиј дневен ред се изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и изборот на претседател на Парламентот ќе продолжи во понеделник. Денешното 16 продолжение на оваа седница помина во меѓусебни реплики и контрареплики меѓу пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и процедурални забелешки за дневниот ред на седницата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од пратениците на СДСМ да се откажат од Тиранската платформа, а решението го гледаат во одржувањето нови избори.

Пратениците од СДСМ, пак, бараат да се зборува за точката од дневниот ред на седницата. За нив најважно е деблокирањето на Собранието и изборот на нов собраниски претседател.