Трамп: Иран не го спроведува нуклеарниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран дека „не живее во духот“ на нуклеарниот договор што го постигна со светските сили. Притоа тој најави дека Соединетите држави наскоро ќе одговорат на таквото однесување на Техеран. Трамп ја повтори неговата оценка дека станува збор за лош договор. „Го анализираме многу внимателно и во не толку далечна иднина ќе имаме нешто да кажеме во врска со тоа“, рече тој. Претходно американскиот државен секретар Рекс Тилерсон оцени дека договорот не успеал да ја постигне целта, стопирање на Иран да дојде до нуклеарно оружје.