Експлозија на бомба во центарот на Атина

илустрација

Поради експлозија на бомба во експозитура на една банка грчката полиција синоќа ги блокира главните улици во центарот на Атина. Претходно во телефонски повик до една популарна телевизиска емисија беше најавена експлозијата на бомбата поставена на влезот на експозитурата на „Еуробанк“. Лицето јавило дека бомбата ќе биде активирана 35 минути подоцна. На местото на експлозијата биле пронајдени остатоци на рачно изработена експлозивна направа.