Путин му ја честита победата на Ердоган на референдумот

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес конференција во Москва, 10.03.2017.

Рускиот претседател Владимир Путин му честита на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за победата на референдумот. Во телефонскиот разговор со Ердоган рускиот претседател разговарал и за засилените напори за нормализација на врските и го истакнал значењето на заедничката работа на засилување на примирјето во Сирија, потврди и портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Како што е наведено, двајцата претседатели разговарале и за меѓународната истрага по повод наводниот напад со хемиско оружје во Сирија.