Собранието ја продолжува конститутивната седница

Собрание на Македонија, архивска снимка

Собранието на Македонија во 11 часот треба да ја продолжи конститутивната седница. Вчерашното 13 продолжение помина со иста реторика како и претходните недели. Преовладуваа реплики, контрареплики и процедурални забелешки, а главна тема беше, таканаречената „тиранска платформа“. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од пратениците на СДСМ да се откажат од платформата, а решението го гледаат во прифаќање на манифестот или нови избори. Пратениците од СДСМ обвинија дека говорницата се злоупотребува за изнесување лаги. На дневен ред на седницата е точката за избор на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања.