За заедничка Македонија ќе ги открие своите планови в петок

Архивска фотографија-протест во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

Иницијативата „За заедничка Македонија“ и денеска ги повикува граѓаните на, како што наведуваат, масовен протест најавувајќи дека и оваа недела треба да го одбранат Уставот и да не дозволат избор на претседател на Собрание кој, како што пишуваат, под перница ја чувал тиранската платформа. Најавуваат дека во петок ќе соопштат важни информации и планови за наредниот период. Во соопштението објавено на нивната официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук тие пишуваат и за денешната посета на Македонија на шведскиот дипломат Карл Билт.

„Денес во земјава има уште еден лажен пророк кој мисли дека може да дојде на неколку часа во земјата и да витка кичми и раце. Должност ни е да го пречекаме домаќински и да му кажеме што мислиме за таквите политичари кои не нарекуваат славомакедонци, и уште се толку дрски да доаѓаат тука и да сеат магла дека биле загрижени за нас. Некој кој не сака да ни го каже ниту името и не ја осудува тиранската платформа, нема што да бара и нуди во нашата држава“ наведуваат од иницијативата.