Трамп му честита на Ердоган за успешниот референдум

Американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при што му честитал за победата на референдумот со кој се зголемуваат претседателските овластувања. До ова дојде и покрај забелешките на Стејт департментот и меѓународните монитори за многубројни изборни неправилности. Рефрендумот мина со тесен резултат од 51,4 насто.