Трамп ја советува Северна Кореа добро да се однесува

американскиот потпретседател Мајк Пенс во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи, 17.04.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека треба „добро да се однесува“ во момент кога САД заземаат построг став спрема ракетните и нуклеарни програми на Пјонгјанг. Во текот на вчерашната посета на демилитаризираната зона меѓу двете Кореи американскиот потпретседател Мајк Пенс повтори дека Соединетите држави не исклучуваат ниту една опција кога е во прашање Северна Кореа.