Тајани против воведување смртна казна во Турција

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани изрази загриженост за евентуалното враќање на смртната казна во земјата.

„Многу сум загрижен од можноста за одржување референдум по прашањето за смртната казна во Турција“, напиша Тајани денеска на Твитер.

Ердоган синоќа изјави дека планира да организира референдум за враќање на егзекуцијата во турскиот кривичен закон.