ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже и на Велика Сабота

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

СДСМ и на Велика Сабота, ден пред најголемиот христијански празник Велигден, не пропушти да испрати соопштение со кое го лаже и манипулира сопствениот народ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ во кое наведува дека претседателот Иванов нема да ја попречи граѓанската волја.

„СДС е пaртијата која активно работи на реализација на Тиранската платформа. СДС е партијата која е подготвена по секоја цена да се добере до власт, па дури и да реализира насилно сценарио за погазување на волјата на граѓаните, јасно изразена на избори“, се наведува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.