Пенс во посета на Азиско-пацифичкиот регион

Американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја започна посетата на Азиско-пацифичкиот регион во услови на зголемување на тензиите со Северна Кореја.

Планирано е Пени да ја посети Јужна Кореја на 16 април, а за време на неговото десетдневно патување ќе ја посети и Јапонија.

Северна Кореја денеска ги предупреди Соединетите Американски Држави да не преземаат никакви провокативни акции на Корејскиот Полуостров, затоа што е подготвена да одговори со нуклеарни напади.