Помпео: Викиликс е непријателска разузнавачка служба

Директорот на ЦИА Мајк Помпео

Директорот на ЦИА Мајк Помпео ја осуди групата „Викиликс“ која се бори против тајноста и ја нарече „непријателска разузнавачка служба“ која е закана за американската безбедност. Во неговиот прв јавен настап откако стана шеф на ЦИА, овој поранешен републикански конгресмен го обвини основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж дека имал заеднички цели со диктаторите во светот. „Асанж и неговите тврдат дека дејствуваат во името на слободата и приватноста, но всушност нивната мисија е величање на самите себе преку уништување на западните вредности“, оцени Помпео.