За парламентарните избори во Албанија пријавени 45 партии

Парламентот на Албанија, архивска снимка

Албанската Централна изборна комисија соопшти дека за учество на парламентарните избори во Албанија закажани за 18 јуни, кандидатури поднеле 45 политички субјекти. Како што и најави, на изборите нема да учествуваат партите од здружената опозиција, предводени од демократите на Љуљзим Баша. „На листата нема ниту еден полтички субјект од обединетата опозиција“, изјави претседателот на Комисијата Денар Биба. Меѓу регистриранте партии за учество на изборите е и единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.