Тилерсон побара крај за деградацијата во односите САД-Русија

Москва-држаниот секретар на САД Рекс Тилерсон и министерот за надворешни работи на Русија на прес-конференција, 12.04.2017

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон рече дека Русија и Соединетите Американски Држави мора да се обидат да стават крај на “постојаното деградирање” во билатералните односи во последните години и ги критикуваше заедничките реципроцитетни акции кои и наштетуваа на соработката меѓу двете страни.

Овој денешен коментар на Тилерсон следи по неколкучасовниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва. На заедничката прес-конференција со Лавров, Тилерсон рече дека билатералните односи се на најниско ниво.

“Двете најистакнати светски нуклеарни сили не може да имаат таков однос” рече Тилерсон.

Засега нема индиции дека двете страни ќе ги сменат своите позиции за прашањето за Сирија кое отвори несогласувања меѓу двете страни.

“И покрај бројните постојани проблеми има значајни изгледи за заедничка работа” рече Лавров на прес-конференцијата.

Во подготвените обраќања за време на заедничката прес-конференција, Тилерсон не се осврна конкретно на санкциите кон Русија од претходната администрација на претседателот Барак Обама.Москва реагираше на таквите мерки со свои контрамерки.

Актуелниот претседател Доналд Трамп за време на изборната кампања лани дека ќе го разгледа укинувањето на санкциите за Русија поради нејзината анексија на Крим во 2014 година, иако неговата администрација досега покажува дека ќе ги остави санкциите.

Посетата на Тилерсон на Москва е прва од претставник на аминистрацијата на Трамп откако тој ја презема функцијата во јануари годинава. Денеска тој се сретна и со рускиот претседател Владимир Путин. Посетата доаѓа и во време на зголемени тензии меѓу Москва и Вашингтон поради различните позиции на двете страни за нападот со хемиско оружје во Сирија, за кој САД го обвинуваат претседателот Башар ал-Асад,чиј главен сојузник е Русија.