Средба Путин-Тилерсон во Москва

Русија-рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на средба во Москва,12.04.2017

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин се сретнал со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Москва. Американскиот дипломат, како што се информираше претходно, се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, како што пренесуваат руските агенции, рекол дека Путин денеска се сретнал и со двајцата, со Тилерсон и со Лавров. Посетата на американскиот државен секретар на Русија е прва на претставник на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Таа доаѓа и во време на зголемени тензии меѓу Москва и Вашингтон поради различните позиции на двете страни за нападот со хемиско оружје во Сирија, за кој САД го обвинуваат претседателот Башар ал-Асад,чиј главен сојузник е Русија.

Во претходното соопштение за тоа дека состанокот е во тек, Кремљ формално не извести дали Путин ќе се сретне со Тилерсон за време на посетата.