Советот за безбедност ќе гласа за истрага за хемискиот напад во Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска треба да гласа за резолуција со која се покренува независна истрага за хемискиот напад врз сириски цивили во минатата недела кој потоа доведе до американски ракетни удари врз таа земја. Во хемискиот напад загинале 87 луѓе, а западните земји за тоа го обвинија режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Во нацрт резолуцијата се бара со заедничка истрага на ОН и Организацијата за забрана на ширењето на хемиско оружје да се утврди кој е одговорен за нападот.