Рускиот опозициски лидер Навални ослободен по 15 дена затвор

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Помошникот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави дека критичарот на Кремљ, денеска е ослободен од затвор откако одлежа 15-дена поради демонстрациите за борба против корупцијата во Москва. Навални се очекуваше да биде ослободен денеска од установата за притвор во северозападниот дел на Москва. Но, додека новинарите го чекаа да излезе од објектот, неговиот соработник Леонид Волков рече дека Навални бил преместен во друга установа во Москва, од каде што тој е ослободен од притвор. Навални беше осуден на 27 март, еден ден откако беше уапсен во близина на местото на демонстрациите што се организираа во центарот на рускиот главен град. Владата смета дека протестот бил незаконски, бидејќи градските власти не дале дозвола за марш и митинг во центарот на градот..