Собранието на Македонија ја продолжува конститутивната седница

Собрание на македонија, архивска снимка

За денеска во 11 часот е закажано продолжението на конститутивната седница на Собранието. Во четвртокот СДСМ побара поддршка од десет пратеници за да се премине на точката избор на претседател на Собранието, што не беше прифатено од претседавачот со конститутивната седница Трајко Вељаноски и од ВМРО ДПМНЕ. Од оваа партија велат дека, според деловникот, најпрвин треба да заврши третата точка на дневниот ред, изборот на членовите на Комисијата за избори и за именувања. За таа точка беа пријавени 51 говорник, а расправата оди бавно поради бројните реплики и контрареплики.