Путин и Рохани со осуда за акциите на САД во Сирија

Архивска фотографија-средба на претседателите на Иран и на Русија, Хасан Рохани и Владимир Путив во Азербејџан, 08.08.2016

Рускиот и иранскиот претседател во телефонскиот разговор ги осудиле “агресивните” американски акции против Сирија, соопшти Кремљ. Двајцата, Владимир Путин и Хасан Рохани “ги забележале неприфатливите американски агресивни акции против суверена држава и кршењето на меѓународните закони” соопшти денеска Кремљ.

Соопштението следува откако САД изврши воздушен напад врз сириска воздухопловна база на седми април, како одговор на нападот со хемиско оружје за кој Вашингтон смета дека одговорен е сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Русија и Иран, клучни сојузиници на Асад, веднаш го осудија нападот, додека сојузниците на Вашингтон ги поддржаа американските акции.
Путин и Рохани побараа “објективна” истрага за инцидентот и изразија поддршка за продлабочена соработка против тероризмот, се наведува во соопштението на Кремљ.