Иран го осуди американскиот воен напад во Сирија

Иранското министерство за наворешни работи оцени дека американскиот ракетен напад во Сирија е „деструктивен и опасен“. „Иран го осудува користењето хемиско оружје, но во исто време верува дека е опасно и деструктивно ова кршење на меѓународните закони“, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бахрам Касеми, наведувајќи дека Техеран остро ја осудува оваа еднострана акција која ќе ги засили терористите во Сирија. Иран му е главен регеионален сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад.